Откажувањето од леб може да биде опасно за здравјето

1371

Целосното откажување од употребата на богат со растителни влакна леб што многумина го практикуваат поради диететски причини, не се препорачува, бидејќи овој производ не само е корисен за организмот, но и во некои случаи дури е незаменлив.

До овој заклучок дошле австралиски лекари кои ги имаат објавено заклучоците во изданието The Journals of Gerontology.

Како што раскажуваат експертите од Универзитетот на Сиднеј, при големото десетгодишно истражување научниците го набљудувале менито и здравствената состојба на повеќе од 1.500 волонтери на возраст 49 години.

При започнувањето на експериментот никој од нив не страдал од какви било сериозни проблеми со здравјето, вклучувајќи онколошки и кардиоваскуларни болести.

По 10 години кај 15% од учесниците кои добивале јаглехидрати од производи, богати со влакна, индикаторите на здравјето биле подобри отколку кај оние кои се откажувале од храна со висока содржина на влакна – леб, трици, овошје и зеленчук, забележуваат научниците.

На пример кај овие 15% од волонтерите било одбележано најмала веројатност од појава на депресија, респираторна инсуфициенција и тешки хронични болести, вклучувајќи рак, дијабетес, коронарна срцева болест и мозочен удар. Научниците нагласуваат дека најкорисен е ржен леб – во него има повеќе стимулирачки за варењето влакна, а исто железо, калциум, калиум, цинк, витамини Е и Ц.

Покрај тоа токму во ржаниот леб се содржи многу лизин – незаменлива аминокиселина која учествува во метаболизмот и обновувањето на ткивата. Специјалистите истакнуваат дека барем две парчиња црн леб во дневното мени се потребни дури и на оние кои се на диета и дека тоа нема да им наштети на фигурата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.