Зеленчук и овошје во борба против вишокот килограми

1157

Спанаќ

Една шолја од овој зеленчук има само седум калории.

Спанаќот има благ вкус, а неговите зелени листови се полни со железо, фолна киселина и витамин К. Исто така содржи антиоксиданси, бета-каротен и витамин Ц, како и лутеин, кој ги штити очите.

Лимон и лимета

Лимоните и лиметите се богати со витамин Ц. Тие имаат само 20 калории по парче без кора. Истражувањата покажуваат дека доколку уште на првите знаци од настинката консумирате лимон ќе ви биде скратено времето на болеста за еден ден. Можете да ги користите како пијалак или во салата.

Кељ

Каљот е храна која е сместена во групата на суперхрани, а во себе крие многу фитонутренати кои можат да го спречат ракот, вклучувајќи го и ракот на дојката. Научниците тврдат дека фитонутренатите во кељот го поттикнуваат црниот дроб да произведува ензими кои ги неутрализираат потенцијално канцерогените супстанции.