Она што психопатите можат да го направат, ниту десет „нормални“ не можат да го средат.
Во денешно време е многу лесно некој да се етикетира како психопат, без да се помисли дека тоа е сериозно нарушување на личноста, колку и да звучи остро и брутално.
Лошото со вистинските психопати е што може долго време да не се „покажат“, а со тоа и на своја душа да носат многу жртви. Нивната состојба многу често се одразува на целокупните меѓучовечки односи.
Сепак, во прв момент тие ни се чинат како шармантни, романтични, оригинални и остроумни. Во врската, многупати првите знаци на психопатско однесување, може да бидат протолкувани погрешно како излив на голема љубов.
Ова се шест знаци дека можеби сте во врска со психопат
1. Преголема самодоверба – овие личности мислат дека секогаш се во право, без исклучок
2. Патолошко лажење – па дури и ве уверуваат дека не сте во право и дека замислувате нешта
3. Лажна слика за јавноста – дома е една личност, а на работа и пред пријатели сосема друга
4. Љубомора – испади после кои вие имате чувство на вина, иако нема такво нешто
5. Закани – може да продолжат и со насилство
6. Агресија – нагло пламнуваат и не можат да бидат запрени
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















