На човечкото тело му се потребни 10 дена на море, а еве и зошто!

1620

Голем број луѓе во светот барем еднаш годишно помислуваат: „Толку ми е потребно да го почувствувам мирисот на морето, да гледам во морските длабочини…“

Според психологијата, морето освен што има релаксирачки ефект врз луѓето, влијае и врз хемиските процеси што се случуваат во телото. Во 18-тиот век постоела и лекарска терапија што вклучувала задолжително пливање во море.

Звуците на брановите, како и мирисот на морскиот ветер го стимулираат префронталниот кортекс, кој е одговорен за личните емоции и ја подобруваат самосвесноста. Така, телото го исфрла целиот негативен набој и успева да се справи со анксиозноста. По само неколку дена на море, луѓето се чувствуваат одморено и релаксирано.

Гледањето и слушањето на морските звуци го намалува нивото на кортизол, кој се лачи при стрес. Голем број луѓе велат дека покрај море се чувствуваат среќно и безбедно.

Во комбинација со лежење на плажа и сончање, морето прави измена на работата на целиот ендокринолошки систем и тоа во корист на среќата и релаксираноста на телото. За да се почувствуваат овие ефекти, потребни се најмалку 7, но најдобро е во просек да поминете 10 дена на море, за да се вратите вистински одморени.