Кога ќе ја направите оваа пита, ќе го соберете целото семејство на маса, а сите ќе бидат воодушевени од нејзиниот магичен вкус.
Потребно
- 300 грама спанаќ
- 1 шолја брашно
- 1 лажица сол
- 1 лажица прашок за печиво
- 2 јајца
- 1 шолја млеко
- 1/2 шолја стопен путер
- кромид
- 250 грама рендана моцарела
Подготовка
- Спанаќот измијте го и обарете го за да омекне
- Кога ќе се свари, оставете го во цедалка да се олади.
- Во друг сад помешајте го брашното, солта и прашокот за печиво.
- Додадете ги јајцата, млекото и стопениот путер, и кога ќе ги измешате добро додадете го и спанаќот, сецканиот кромид и моцарелата.
- Ставете ја смесата во сад за печење и ставете ја во рерната која претходно сте ја загреале на 190 степени и печете околу 30 – 35 минути.
- Почекајте да се олади пред да сервирате.



















