Еве за што сè можете да го користите медот

1507

Медот содржи многу природни својства кои можат да му помогнат на вашето тело во борбата против бактерии и инфекции, како и да ѝ ја вратат влажноста и природниот сјај на кожата.

Еве неколку едноставни трикови со медот кои ќе ви ги олеснат секојдневните проблеми.

Природен лек против несоница

Медот помага во зголемување на мелатонинот во нашето тело. Како резултат на тоа, телото ќе се смири.

Пијте по половина чаша топло млеко со 2 лажички мед и тоа три дена во неделата. Тоа ќе ви помогне да го вратите сонот и ќе ви го намали нивото на стрес. Препорачливо е ова да го правите пред стресен ден, за вашето тело подобро да се подготви за она што го чека.

Балзам за усни

Едноставен лек за испуканите усни. Само нанесете малку мед на усните и оставете го да стои десетина минути.

Третман против акни

Поради антибактериските својства и бројните антиоксиданси, медот е одличен за третман на акните. Ѝ помага на кожата да оздрави и го спречува понатамошното ширење и инфекциите.

Треба да го измиете лицето, да нанесете малку мед на памучлна ткаенина и да го намачкате инфицираниот дел. После 20-30 минути измијте го со топла вода.

Продолжува настрана 2