Магданосот е богат со нутритивни својства!
Магдоносот е позната билка која е редовна на македонската трпеза, но е и растение со одлични својства за вашето здравје.
Познат е како едно од растенијата со уникатни антиоксидантни својства и многу други бенефиции.
Оваа билка не содржи холестерол, но е богата со антиоксиданси, витамини, минерали и диететски фибри, што помагаат да се контролира холестеролот во крвта, помага во превенцијата од констипација (запек), го штити телото од слободните радикали кои се појавуваат поради лековите за повреди и е добра превенција од рак.



















