Маска за оштетена коса од јајца, јогурт и мајонез

4286

Сувата и оштетена коса е меѓу најчестите проблеми, кога станува збор за убавата фризура.

Без разлика дали станува збор за оштетување од големи промени во времето, прекумерна употреба на витлери, преси и фенови или едноставно неправилна исхрана, косата има потреба од двојно повеќе потхранување отколку во принцип.

Комбинацијата меѓу јајца и јогурт спојува две од најважните работи за една добра маска за коса.

Јајцата содржат белковини, а млекото – млечна киселина, кои се исклучително корисни за обновување на сувата и оштетена коса.

Доколку редовно се применува, маската ја одржува косата хидрирана и го стимулира нејзиниот раст. Јајцата се природен балсам, хидратантен производ и ја прават косата силна.

Ќе ви бидат потребни

  • 1 јајце
  • ¼ чаша јогурт
  • ¼ чаша мајонез

Начин на приготвување

Изматете едно јајце, додека се добие мека пена. Додаде ги јогуртот и мајонезот, мешајќи добро, додека не се смешаат целосно.

Масирајте го скалпот, а потоа косата, додека не го прекриете секое влакно.

Откако рамномерно сте а нанеле смесата, ставете капа за бања и завиткајте со крпа за да се загрее. Ова ќе го забрза процесот на апсорпција во косата. Оставете да дејствува барем 30-40 минути, а потоа измијте ја косата со шампон и балсам.

За да има подобри резултати, исплакнете ја маската со ладна вода и потоа користете ги козметичките производи. Можете да нанесувате барем еднаш неделно за подобри резултати.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.