Оние со мрсна кожа треба да ги избегнуваат овие производи

1436

Мрсната кожа е вистинска катастрофа. Што и да правите, таа сјае и ве прави да изгледате испотени без навистина да сте.

Мрсната кожа предизвикува непријатност, иритации, услови за формирање на акни и митесери.

Кои производи треба да се избегнуваат задолжително, ако имате мрсна кожа?

Масла за лице

Кожата и така веќе е мрсна – не треба да ја мастите уште повеќе. Избегнувајте пудри со додадени масла кои ги затвораат порите. Избегнувајте исто така козметика со мрсна формула за сува кожа.

Не претерувајте со производите против акни

Злоупотребата на производи против акни има спротивен ефект. Тие ја пресушуваат кожата, таа станува поиритирана, што ги тера лојните жлезди да произведуваат уште повеќе себум за компензација. Како резултат вишокот станува уште повидлив и работите излегуваат од контрола.

Производи кои содржат силикони

Овие производи создаваат контраиндикации кај мрсна кожа , вклучувајќи дури и шампони, балсами за коса и стилизирани производи со силикони. Избегнувајте ги сите нив заедно со специјално дизајнираните за лице, бидејќи предизвикуваат повеќе маснотија и слични проблеми.

Кажете “не” на премногу тешките производи

Ова се однесува на сето отежнување на дишењето на кожата и размената на материите во неа. Такви се цврстите и тешки хидратантни креми, богатите маски за лице и коса, балсами со восочни соединенија и сапуните со заситени масти.

Сите овие производи ќе предизвикаат големо затнување на порите и зголемена маснотија на кожата. Наместо овие производи, користете такви со салицилна киселина, гелови и навлажнувачки серуми, пилинзи, кои содржат млечна киселина.