Морковот го прочистува целото тело од токсини, ја зголемува концентрацијата, ја обновува слузокожата на желудникот, го чисти црниот дроб, ја спречува појавата на рак на желудник и цревата, ги зајакнува забите, а исто така и го зголемува бројот на црвени крвни зрнца.
Доколку консумирањето на моркови ви прави тегоби, тогаш е најдобро да го внесувате како сок.
Краставицата е позната како диуретик, го прочистува организмот, го стимулира метаболизмот и ги чисти цревата и дигестивниот тракт во целина. Краставицата го вади вишокот од вода и се препорачува на оние кои сакаат да извршат детоксикација на организмот, особено ако јадете тешка, конзервирана или солена храна. Одредени луѓе ја користат на пример, за прочистување на кожата на лицето, или намалување на акните.
Карфиолот е многу здрава храна. Изобилството на витамин Ц и фолна киселина го прави да биде во првиот ред од здравата храна.
Витаминот Ц е од суштинско значење за нас, во зајакнување на имунолошкиот систем, подобро искористување на железото од храната, синтезата на колагенот и обновување на сврзно ткиво во телото, додека фолната киселина овозможува бременоста да не заврши со некои тешкотии за мајката и фетусот. Поради богатството на витамини Б6, карфиолот го штити нашето срце.



















