Од дома до шатори | Еве како ќе се организира учебната година во соседството и низ целиот свет

1952

Пандемијата на коронавирус влијае на фактот дека многу земји сè уште не одлучиле како ќе изгледа наставата во итни околности.

Многумина ќе чекаат уште неколку дена за да видат како ќе изгледа епидемиолошката слика, а потоа да одлучат помеѓу неколку модели – од најпосакуваниот модел во училница, до часови на отворено, под шатори.

РУСИЈА

Новата учебна година во Русија започнува на 1 септември и ќе се организира на вообичаен начин, со целосно работно време, со почитување на сите безбедносни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, најавил министерот за образование, Сергеј Кравцов.

Тој напоменал дека носењето медицински маски во затворено ќе биде задолжително и дека часовите за физичко образование ќе се одржат надвор.

„Ние се подготвуваме за вообичаениот начин на работа на сите училишта, но доколку епидемиолошката состојба во оваа или онаа општина не го дозволи тоа, тогаш здравјето на децата, наставниците и родителите ќе биде на прво место“, соопштил Кравцов, истакнувајќи дека нема причина за грижа.

Министерството за образование и Министерството за здравство се согласиле дека медицински работник ќе биде присутен во секое училиште од 1 до 14 септември.

ГЕРМАНИЈА

Летниот распуст во шеснаесет германски сојузни држави започнал во различни периоди, во периодот од јуни до септември, така што не секој оди на распуст во исто време. Така, новата учебна година веќе започнала во провинцијата Мекленбург-Западна Померанија.

Во 563 училишта, 152.700 ученици имаат „нормални“ училишни часови од понеделник до петок, најмалку четири или пет часа на ден и повторно се дозволени дури и часови по музичко и физичко образование.

Строгите правила за хигиена во училиштата, кои се применуваат низ целата земја, треба да спречат ширење на пандемијата. Меѓу другото, училниците се проветруваат после секој час, гелендерите на скалите не смеат да се допираат, важно е да се мијат рацете, а дезинфекциите се користат во специјални случаи – не со прскање, туку со додавање на вода за чистење. Носењето маска не е задолжително, а наставниот кадар може да се тестира за вирусот бесплатно.

Времето на започнување на часовите нема да биде исто за сите. Секоја паралелка ќе има свои простори во училишните дворови, соблекувалната и кантините. Планот е дека, доколку се појави инфекција, само една паралелка треба да оди во карантин, додека другите би продолжиле да одат на училиште.

Исклучок треба да биде наставата преку Интернет или „учењето од далечина“, и тоа каде што нема доволно наставници кои можат да предаваат во училиштата, затоа што тие припаѓаат на ризичната група.

АВСТРИЈА

Продолжува на страна 2