Од спермата на поетот D’Annunzio форензичарите го реконструирале ДНК-то

1418

Италијански форензичари успеале да ја реконструираат ДНК на поетот Габриеле Д’Анинција, со помош на спермата пронајдена на шамивчето кое пред 100 години ѝ го подарил на љубовницата.

ДНК-то на Габриеле Д’Анунција било реконструирано отако биле ескхумирани неговите останки, соопшти полицијата. Успехот на форензичарите ги разбуди надежите дека оваа техника може да се користи за решавање на некои стари предмети.

D’Annunzio (1863-1938) шамивчето со неговата сперма го подарил на љубовницата, грофицата Олга Леви Брунер во 1916 година како сувенир по една страшна ноќ, пишува АФП. Полицијата во Каљари на Сардинија го анализирала шамичето кое било пронајдено, потоа писмото на грофицата испратено до нејзиниот љубовник, како и четката за заби од слонова коска што се зачувани во архивата на Фондацијата Vitoriale Deli Italiani.

Со помош на специјални светилки, биле идентификувани течности и дамки на материјал и по споредба на резултатите од ДНК на подмладокот на револуционерниот Федерико D’Annunzio, биле потврдени наодите. Шефот на Фондацијата Ѓордано Бруно Гери се пошегувал дека овој експеримент може да ја отвори вратата за иднината и клонирање на историски личности, иако нивните посмртни останки се изгубени.

“Никој не сака да се клонираат D’Anuncija, но никој не знае што ќе се смени се што е во науката и општеството. Добро е што примерок на ДНК е земен”, рече тој. D’Annunzio во 1919 година ја освои Риека (тогаш Fiume) за да го прогласи град-држава, кој падна една година подоцна.

Градот имаше устав кој е означен подоцна како фашистички систем во Италија. Д’Анунциевата поезија и денес се учи во училиштата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.