Верувањата за Богојавление | Посакајте желба и ставете огледалце под перница

3483

Македонската православна црква и верниците денес го одбележуваат големиот празник Богојавление. Ова се шесте обичаи кои се однесуваат на денешниов ден.

Посакајте желба

Според народното верување, ноќта пред Водици, небесата се отвораат и Бог се појавува на нив. Тогаш треба да се посака желба која ќе се исполни.

Ставете огледала под перницата

Исто така, се верува дека невенчаните девојки ставаат огледалце под перница, затоа што оној маж кој ќе го сонат за него и ќе се омажи.

Водата се свети во црквите

На тој ден водата во црквите и храмовите се осветува водата во која се става босилек, а народот ја носи дома, затоа што се верува дека има духовни и лековити својства. За неа се верува дека никогаш не се расипува.

Пливање за Светиот крст

Се организираат традиционални пливања за Светиот крст. Се плива 33 метри, што го симболизира бројот на годините на живот на Исус Христос. На Богојавление треба да се искапете во реката за подобро здравје.

Предвидување на времето

Ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, се верува дека годината ќе биде плодна, а ако е ведро, годината ќе биде сушна.

Поздрав „Бог се јави – Ваистина Бог се јави“

По крштевањето на Исус Христос во реката Јордан се отвори небото од кое се слушна гласот на Отецот Бог, кој објави дека Исус е неговиот син, а Светиот Дух слета на Исус во форма на гулаб. Затоа, на Водици, православните верници се пречекуваат со „Бог се јави – Ваистина Бог се јави“.