Вистини кои ни создаваат болка

1593

Постојат вистини кои многумина не сакаат да ги слушнат. Понекогаш тие се поврзани со сериозни нешта, а понекогаш се дури и смешни.

Како и да е, вистината може да биде навистина тешка за слушање. Не затоа што не сакаме да ја знаеме, туку затоа што може да биде непријатна.

Погледнете ги 25-те вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат.

1. Вие сте негативецот во нечија приказна. Без разлика колку мислите дека сте добри, секогаш постои барем една личност која нема убаво мислење за вас.

2. Не сте посебни. Дури и да сте едни во милион, сè уште има барем 7.000 други луѓе кои се потполно исти како вас.

3. Некои од најдобрите сеќавања што ги имате од детството најверојатно се лажни. Мозокот едноставно сака да си измислува работи.

4. Луѓето не го добиваат она што го заслужуваат бидејќи животот не е фер. Покрај тоа, ако би бил фер повеќето од нас не би добивале ништо добро.

5. Вие сте незначајни за остатокот од светот како што вам ви се незначајни странците кои секојдневно ги поминувате на улицата.

6. Еден ден ќе бидете целосно заборавени од сите на Земјата.

7. Научниците се речиси убедени дека тираносаурусот рекс не рикал.

8. Мали бубачки ја јадат кожата на вашето лице додека спиете.

9. Изгледот е важен во секојдневниот живот. Истражувањата покажале дека атрактивните луѓе имаат повеќе можности и подобро се третирани.

10. Повеќето од најубавите нешта кои се кажани за една личност се за време на нејзиниот погреб.

продолжува на страна 2