7-дневна диета со режим на вежбање

2957

Моника Белучи која е мајка на две ќеркички и понатаму го воодушевува светот со својата убавина.

„Јас сум како зрела круша, преубаво зрела. Многу слатка и сочна“, изјави Италијанката која кон вежбањето има однос во кој се мешаат љубовта и одбојноста. Себеси не се смета за дебела, ниту слаба, па затоа најверојатно никој нема да ја види оваа 173 сантиметри висока и 58 килограми тешка актерка на лентата за трчање.

„Невозможно е да го ускладам одењето во теретана со мојот начин на живот. Да се разбудам во 5 наутро за да започнам да вежбам во 6? Не доаѓа предвид! Наместо напорното вежбање во теретана, ја често облекувам црно. Многу е попрактично и позабавно“, изјави убавата актерка.

Режимот за вежбање на Моника е умерен и лежерен, а вклучува пливање, трчање и јога. 4 пати неделно плива по 45 минути и уверена е дека тоа е најдобриот начин за да остане во одлична форма. Привремено се занимава и со кикбокс и капуера (африканско-бразилска боречка вештина) под влијание на својот бивш сопруг, големиот вљубеник во спортот, францускиот актер Винсент Касел.

„Јас сум како морско куче. Секогаш сум во движење, морам да бидам за да живеам. Сепак, понекогаш, за свое добро, жената мора да пронајде начин да мирува и да биде мрзлива. Всушност, би рекла дека сум половина морско куче, а половина Медитеранка.“

Италијанската убавица сигурно не е една од оние актерки кои се изгладнуваат. Ако е потребно за одредена улога да изгуби некој килограм, јаде месо, риба и зеленчук и многу брзо ослабува. Но, помило ѝ е кога ќе ѝ се укаже улога за која мора да се здебели.

Што се однесува до љубовта кон храната, таа е вистинска Италијанка: Јаде сѐ, но најмногу ја сака италијанската кујна. Најомилено јадење ѝ се тестенини со пармезан. Нејзиниот план за исхрана е одреден со големината на порциите, а не со видовите на производи. Овој план ѝ овозможува да јаде сѐ што ќе посака, под услов да ја контролира големината на порциите.

МЕНИ ЗА 7 ДЕНА

Продолжува на страна 2