Не очекувајте од оваа диета шокантни резултати. За една недела со ваква исхрана, ќе ослабете од 2 до 3 килограми. Но, ќе се чувствувате одлично и нема да му наштети на вашето тело. Диетата на познатата актерка е добра, бидејќи содржи доволна количина овошје и зеленчук кои се богати со витамини, минерали и влакна.
Ваквата исхрана помага да се нормализира работата на цревата, да се исчисти телото од токсините и да се регулираат метаболичните процеси. Со оглед на тоа дека медот се користи во диетата, нема постојано да чувствувате потреба за слатки. Сите јадења се приготвуваат доста едноставно, па е совршена доколку имате малку слободно време.
Кога зборуваме за недостатоците на оваа диета, мора да нагласиме дека таа вклучува многу малку протеини. Овен тоа, големиот број растителна храна го активира процесот на ферментација, што може да доведе до нарушувања во дигестивниот систем. Долгите интервали помеѓу оброците може да предизвикаат постојано чувство на глад. За да се изборите со тоа, можете да испиете 1 чаша топла вода секојпат кога ќе почувствувате потреба за храна.


















