Сакам печени пиперки во било која форма. Ова една од тие, за мене, највкусни. Можат да се додадат и пиперки, но предходно варени 10 мин.
Состојки
- 500 гр мелено месо
- 2 кромид
- 10 печени пиперки, поголеми, исчистени
- 1 јајце
- 1 павлака (180 ml чаша)
- 1 лажица сув зачин
- малку сол и бибер
- 1 чаша вода
- 3 – 4 лажици масло
Подготовка
- Исечкајте кромидот, додадете малку вода и сув зачин и динстајте 15 минути.
- Додадете го меленото месо и продолжете со динстањето околу 20 минути со додавање малку вода.
- Вклучете ја рерната на 200 степени за да ја загрее.
- Земете огноотпорен или керамички сад, тава, и премачкајте со масло.
- Пиперката “отворете” ја, исечете и поделете ја на три дела.
- Покријте го долниот дел од тавата со пиперките, преку нив ставете половина од месото, па уште еден ред пиперки и месо.
- Остатокот од пиперките, колку и да се, ставете ги во последниот ред.
- Можете да го замените средниот ред пиперки со компирите споменати погоре.
- Изматете го јајцето со павлаката, водата, солта, биберот и прелијте ги пиперките.
- Печете еден час, до еден час и половина, во зависност од рерната и колку треба да се загрее тавата.
- Готово е кога ќе се фати убава кора.
Служете топло. Пријатно.




















