Поучна приказна | Сè што зборуваш, зборува за тебе

2510

Еден ден во самракот еден селанец седел на прагот на својот сиромашен дом, уживајќи во ладовината. Покрај домот поминувал пат кој водел до селото.

По патот одел еден човек, и кога го забележал старецот, си помислил: “Овој е многу мрзелив, не работи ништо, по цел ден седи на прагот од својот дом и гледа некаде бесцелно.”

Малку подоцна се појавил друг човек, кој си помислил: “Овој човек е Дон Жуан. Седи тука, за да ги гледа девојките кои поминуваат, а можеби им дофрлува.”

На крајот, еден шумар, кој одел во селото, си помисли: “Овој човек е голем работник. Напорно работел цел ден и сега ужива во заслужениот одмор.”

… во реалноста не можеме да знаеме многу за селанецот кој седи на својот праг. Но, затоа можеме да кажеме многу за тројцата патници, кои оделе во селото: првиот е мрзелив, вториот е женкар, а третиот е голем работник.

Сè што зборуваш, зборува за тебе; посебно кога зборуваш за некој друг.

Проекцијата е одбранбен механизам во кој лицето му припишува на надворешниот свет нешто што му припаѓа на неговиот внатрешен свет.

П.С. И запомнете, само со менување на нашата потреба – ние го менуваме светот заедно!

© econet.ru

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.