Некои производи можат да делуваат прилично негативно и да направат да се чувствувате уморно, тешко, исцрпувачки, без енергија.
И не е само затоа важно што консумирате за појадок. Здравиот утрински оброк може да го намали ризикот од разни болести, како дијабетес и рак.
Ви набројуваме шест производи кои би требало да ги избегнувате наутро:
Сланина, шунка и колбаси
Голем број луѓе сакаат да појадуваат сендвичи со наведените месни преработки несвесни дека се тие на листата од 10 најголеми прехранбени „убијци“ затоа што го зголемуваат ризикот да заболите од рак. Доколку сте љубители на месото, можеби е време да го смените својот режим на исхрана. Барем утринскиот.
Снегулки
Не се сите исти. Имено, голем број од нив содржат шеќер и премногу јаглехидрати, а кога ги јадете, вашето ниво на шеќер во крвта расте. Бидејќи не сакате вишокот на енергија да го „потрошите“ уште на почеток од денот, најдобро е да ги изберете оние снегулки што имаат целулоза и протеини.
Крофни, печива од пекара
Не само што се направени од бело брашно туку имаат и голема доза на шеќер, а тоа е најлош избор за наутро затоа што рапидно ќе ви го зголеми нивото на шеќер во крвта. Тоа значи дека порано ќе огладнете, ќе го зголемите ризикот од дијабетес и вишокот на килограми. Впрочем, голем број научници се уверени дека шеќерот и карциномот се поврзани.
Kупечки сендвичи
Повеќето купечки сендвичи содржат конзерванси и натриум. Во овој случај, наша препорака е сами да си направите сендвич од дома.
Овошни јогурти
Овие јогурти имаат стотици калории и речиси сите имаат сличен вкус затоа што содржат засладувачи и хемикалии, па подобро е да ги прескокнете и да одберете обичен јогурт.
Mафини
Спаѓаат во најкалоричната храна што можете да ја одберете за појадок. Тие се мешавина од бело брашно, зејтин и шеќер. Избегнувајте ги!



















