Црниот или ‘ржаниот леб се многу популарни меѓу населението кое се грижи за своето здравје и спроведува соодветна исхрана.
Таков леб би требало да биде произведен од голем удел на цело пченично или ‘ржано зрно, само така ги задржува сите важни хранливи состојки.
Тајната на црн леб е во богатство на влакна, витамини Б и Е, селен, железо, магнезиум, цинк и други високо-квалитетни хемиски соединенија. Дури и во мали количини дава посебна чувство на ситост и затоа експертите го препорачуваат како предјадење за елиминирање на нервоза поради глад.
Исто така, црниот леб многу подобро го задржува вкусот, мирисот и може повеќе да стои без да стврдне. Корисно е да се знае дека црниот леб има многу помалку “лош” холестерол отколку белиот и се препорачува на срцевите болни, а влакната придонесуваат за низок шеќер во крвта, така што и дијабетичарите го ценат овој производ.
Важно, при купувањето да проверите дали црниот или интегралниот леб се навистина “црни”, односно, произведот да е од цели зрна или само му е додадена карамел боја или нешто повеќе подмолно, што воопшто не би требало да се најде во лебот.
Анонимен фурнаџија кој е добро запознат со методите на боење леб, објасни дека во таканаречениот црн леб за боја се додава сѐ и сешто. Кафе, какао, вештачки бои, до црвено вино … Методите со кои се користат производителите се различни, сето тоа само за да заштедат и заработат на вас.
Продолжува на страна 2



















