Според пишувањата на српски Блиц, секој трет маж во Србија кој направил ДНК тестирање не е биолошки татко на своето дете.
Во Македонија сеуште не е направено конкретно истражување на оваа тема, но се поголем број на лица бараат проверка на татковството во Институтот за судска медицина и во истражувачкиот центар за генетичко инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“ при Македонската академија на науките и уметностите.
Така во еден ден десетици Македонци бараат тестирање, но многумина се откажуваат откако ќе им биде соопштено дека за тестот да биде направен потребно е присуството и на детето и на мајката.
Поголемиоте дел од оние кое јавуваат барале тоа да го направат без да знае мајката.
Најчестата причина поради која мажите бараат ДНК тест е сомнежот за неверство од страна на нивните сопруги.
Доктор Оливер Стојковиќ кој раководи со ДНК лабораторијата во Белград, за Блиц вели дека околу 30 проценти од мажите кои се сомневаат и прават ДНК тест се во право. Тој раскажува дека еден татко тестирал дури 6 деца но, имал и случај во кој мајката донела четири различни мажи додека да открие кој е вистинскиот татко.
Податоците датираат од 2012/13 година.



















