Подуените стомаци најчесто се предизвикани од вишок создадени гасови кои се должат на консуимирање на погрешно избраната храна.
Најсилните гасови се предизвикани од грав, кромид и брокула. Меѓутоа, подуеноста можете да ја спречите ако во исхраната вклучите евтин, а многу здрави намирници што ќе ви помогнат полесно да ги елиминирате гасовите.
Оризот е прв на оваа листа. За разлика од многу други јаглени хидрати, тој во целост се вари во цревата, а не во желудникот, со што се намалува ризикот од акумулација на гасови.
Јогурт, исто така, ќе помогне работата на дигестивниот тракт благодарение на добрите бактерии.
Краставицата е природен диуретик кој има висока содржина на вода и малку влакна, така што може да помогне при исфрлање на вишокот течности.
Ставете ги овие тринамирници во вашето мени и сигурно помалку ќе страдате од гасови и подуен стомак.



















