Македонски рок во Радовиш ! На 28-ми август концерти на Меморија и Ареа

70

По повод „Денот на македонските рудари“, Радовиш ќе биде во знакот на македонскиот рок.

На сцената доаѓаат две од најпрепознатливите имиња на домашната рок-сцена – групите „Меморија“ и „Ареа“*, со песни што обележаа генерации и звук што добро го познаваме.

28 август 2026 година, Паркинг Орел, Радовиш со почеток од 21:00 – 23:00 часот „Меморија“ и од 23:00 часот „Ареа“. Влезот е слободен.

Настанот е поддржан од Општина Радовиш и Рудник Бучим.

На 28 август во Радовиш – вечер исполнета со македонски рок, познати песни и добра атмосфера.