КОНЦЕРТ НА ПИЈАНО ДУОТО ЏОРЛЕВА-МИХАЈЛОВСКИ ВО ВРШАЦ, Р. СРБИЈА

49

На покана на Здружението на граѓани на Македонската национална заедница “Вардар” од Вршац, вечерва (2 јуни 2026 год.) со почеток од 17ч. пијано дуото Џорлева – Михајловски ќе одржи концерт во концертната сала на градскиот музеј во градот Вршац, Р. Србија.

На репертоарот се композиции од Темков, Григ, Шун Чоо, Сати, Томаш Леон..

Пијанистите Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски се редовни професори на Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип и редовно концертираат на домашната, но и меѓународната сцена.

Концертот е во соработка со Средното музичко училиште “Јосиф Маринкович” и Градскиот музеј од Вршац, а е дел од серијата концерти кои во наредниот период ова дуо ќе ги реализира во Ниш, Тирана и Струмица.