МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЛАВИ 35 ГОДИНИ ОД СВОЈАТА НЕЗАВИСНОСТ СО НАЈСПЕКТАКУЛАРНОТО ЕВРОПСКО СТАДИОНСКО ШОУ НА ДЕНЕШНИЦАТА: DAVID GUETTA – FULL MONOLITH STADIUM SHOW, ЗАЕДНО СО ПОВЕЌЕ ОД 50.000 ЛУЃЕ!
8 СЕПТЕМВРИ
АРЕНА „ТОДОР ПРОЕСКИ“
ВЛЕЗ БЕСПЛАТЕН
Авалон, со досега невидена гордост и задоволство, ви најавува:
Оваа летна сезона (од 15 јуни до 15 септември ), регионално најмасовниот и најспектакуларниот европски музички настан ќе се одржи во Скопје, Македонија!
Поводот е 35 години независност на Македонија!
А, по тој повод, ни доаѓа една од најголемите актуелни глобални ѕвезди и музички сили на 21 век, David Guetta, со своето Full Monolith Stadium Show!
Ако го погледнете официјалниот сајт на David Guetta, ќе можете да видите дека The Monolith Tour ќе собере извонредна публика во некои од најголемите градови на континентот, вклучувајќи историски три вечери во Париз со над 80.000 посетители по вечер, масивен спектакл во Милано со 100.000 луѓе и уште една голема вечер во Амстердам, на Стадионот на Ајакс, со повеќе од 70.000 посетители, потврдувајќи го David Guetta како едно од најголемите светски стадионски мејнстрим музички имиња денес!
Е, токму ова шоу ќе биде централниот настан со кој Македонија, на 8 септември,
ќе слави 35 години независност и самостојност!
Спeктaклот наречен David Guetta – The Monolith Stadium Show во Арената Тодор Проески ќе биде бесплатен јавен настан со регистрација за симболична цена од 35 МКД по човек, број кој директно асоцира на овогодинешниот државен јубилеј, со цел запазување на капацитетот на стадионот;
Секој корисник ќе биде ограничен на максимум 2 влезници, а дозволена ќе биде и регистрација од останатите држави, земајќи предвид дека настан од овој калибар привлекува огромно внимание од целиот регион и привлекува публика, гости и посетители од околните земји и истиот има сериозен импакт врз туризмот, угостителството и целокупната промоција на градот и државата како дестинација за големи светски музички и културни случувања.
Дополнителни информации околу процедурата за регистрација официјално ќе бидат објавени утре од страна на Avalon International Booking, организаторот на настанот.
Ваша,
Avalon International Booking



















