Со вежбање како заштита од рак ? Моќта на вежбањето можеби не лежи во мускулите, туку во…

1212

Вежбањето може да помогне во борбата против ракот со зголемување на цревните микроби кои произведуваат формат, молекула што го зајакнува имунитетот.

Ново истражување сугерира дека моќта на физичката активност во борбата против ракот можеби не лежи во мускулите – туку во микроорганизмите. Тим американски научници предводен од Marlies Meisel од Универзитетот во Питсбург го демонстрираше ова со изложување на две групи глувци на агресивна форма на меланом.

Само глувците кои биле подложени на четиринеделен режим на вежбање имале помали тумори и поголема стапка на преживување. Сепак, кај глувците третирани со антибиотици или одгледувани во стерилни услови, ефектот на вежбањето исчезнал. Ова јасно укажува на клучната улога на цревните микроби и метаболитите што ги произведуваат.

Клучот е во форматот

За да ги идентификува клучните соединенија, тимот на Meisel користел машинско учење за да анализира микробни метаболити. Тие изолирале формат (сол или естер на мравја киселина, HCO2), молекула што се зголемува за време на физичката активност и ја подобрува ефикасноста на CD8 Т-клетките на имунолошкиот систем во борбата против ракот.

Во дополнителна студија, објавена во списанието Cell, на 19 лица со напреден меланом, оние со повисоки нивоа на формат имале подолг период без прогресија.

Експертите укажуваат на неодговорени прашања

Ова истражување ја истакнува важноста на проценката на метаболитите што ги произведуваат бактериите, а не само кои бактерии се присутни, изјави Meisel за New Scientist.

Ken Lau од Универзитетот Vanderbilt во САД, кој не бил вклучен во истражувањето, ги пофали резултатите, но предупреди на неодговорени прашања.

Што се случува ако пациентот престане да вежба? Дали ефектот исчезнува или некако останува?, порача тој.

Во тек се понатамошни истражувања за да се испита врската помеѓу ова откритие и други болести.