Прашкиот планетариум ја добива првата LED купола во Европа ! Содржи околу 45 милиони LED диоди

337

Прашкиот планетариум е отворен во 1960 година и привлекува повеќе од 250.000 посетители секоја година.

По две години реновирање, новиот планетариум во Прага ја претстави својата нова, целосно дигитална LED купола.

Куполата со ширина од 22 метри, прва од ваков вид во Европа, содржи околу 45 милиони LED диоди за создавање слики од ѕвезденото небо.

Jakub Rozehnal, директор на Прашката опсерваторија и планетариум, рече дека оваа реконструкцита е најголема во 65-годишната историја на објектот.

„Сите на кои им го покажавме новиот систем беа воодушевени“, рече тој.

Системот за осветлување, произведен од американска компанија, е познат по својот долг век на траење, ниски трошоци за одржување и висок контраст и резолуција на сликата.

Отпадната топлина генерирана од системот се користи за загревање на целата зграда во текот на зимата. Реновирањето чинеше околу 12 милиони евра (13,8 милиони долари).

Прашкиот планетариум е отворен во 1960 година и привлекува повеќе од 250.000 посетители секоја година.

Во договор со конзерваторите, оригиналниот проекциски уред на поранешниот источногермански производител на оптика „Carl Zeiss Jena“ се чува во соседната просторија.