Поради овие грешки млекото побрзо се расипува | Експерт открива како да му го продолжите рокот на траење

1248

Луѓето најчесто неправилно складираат млеко и млечни производи, па тие побрзо се расипуваат.

Повеќето луѓе чуваат млеко во вратата од фрижидерот, но според експертот за безбедност на храна Tessa Clarke, тоа е најлошото место во фрижидерот за чување млеко.

„Рекот на траење на млекото може да се продолжи ако правилно го складирате. Ова го намалува отпадот, но и гарантира дека нема да морате да купувате свежо млеко толку често“, рекла Clarke, за The Mirror.

Таа ги советува луѓето да не чуваат млеко или било кој друг млечен производ во вратата од фрижидерот, бидејќи тоа е најоддалечено од системот за ладење.

„Млечните производи секогаш треба да се чуваат во задниот дел од фрижидерот каде што температурата е најниска. Ова осигурува дека вашата храна има максимален рок на траење“, додала Clarke.

  • Млекото може да го задржи својот квалитет и до пет дена подолго од рокот на траење испечатен на пакувањето, во зависност од количината на маснотии во него.
  • Млекото со малку маснотии може да го надмине рокот на траење за седум до 10 дена, додека млекото со повеќе маснотии може да трае пет до седум дена.
  • Расипаното млеко може да го препознаете по тоа што има грутки и кисел мирис.
  • Суровото непастеризирано млеко под никакви околности не е безбедно за консумирање по истекот на рокот.