Научниците дошле до епохално откритие | Откриле како би можеле да предвидиме кога ќе се случат посилни земјотреси

935

Научниците успеале да ги поврзат промените во вселената со земјотресите на Земјата, што би можело да биде првиот чекор кон создавање на глобален систем за предупредување.

Уште кога луѓето првпат почувствувале земјотрес (и неговите потенцијално разорни ефекти), постои тенденција да се предвидат такви настани. Сепак, колку и да истражуваат научниците, не е пронајден дефинитивен начин да се предвиди кога, каде и со каква јачина ќе се случи земјотрес.

Сепак, група научници, кои работеле на проектот CREDO, откриле дека постои јасна статистичка корелација помеѓу глобалната сеизмичка активност и промените во интензитетот на космичкото зрачење забележано на површината на нашата планета. Научниците се убедени дека ова може да помогне во предвидувањето на земјотресите.

Токму проектот CREDO, лансиран во 2016 година, се обиде да ја тестира хипотезата дека земјотресите потенцијално можат да се предвидат со набљудување на промените во космичкото зрачење. По долгогодишно истражување, тие се убедени дека нивните анализи ја докажале оваа хипотеза, но истакнуваат и дека откриле карактеристики кои никој не ги очекувал.

Една од главните задачи на CREDO е следење на глобалните промени во интензитетот на секундарното космичко зрачење кое допира до површината на нашата планета. Ова зрачење потекнува од Земјината стратосфера и е најинтензивно во рамките на таканаречениот Regener-Pfotzer максимум, каде честичките од примарното космичко зрачење се судираат со молекулите на гасот од нашата атмосфера и предизвикуваат каскади од секундарни честички.

На прв поглед, идејата дека постои врска помеѓу земјотресите и космичкото зрачење, кое во својата примарна форма стигнува до нас главно од Сонцето и длабоката вселена, може да изгледа чудно. Сепак, неговите физички основи се целосно рационални, нагласува во соопштението д-р Piotr Homola, координатор на CREDO и прв автор на написот кој го опишува откритието во Journal of Atmospheric and Solar-Terrestrial Physics.

Како што објаснува д-р Homola, главната идеја била дека вртложните струи во течното јадро на нашата планета се одговорни за создавањето на магнетното поле на Земјата. Ова поле ги отклонува патеките на наелектризираните честички на примарното космичко зрачење. Така, објаснува д-р Homola, ако големите земјотреси се поврзани со нарушувања во материјата што го придвижува динамото на Земјата, овие нарушувања би го промениле магнетното поле, што пак би влијаело на трагите на примарните космички зраци на начин што зависи од динамика на нарушувања во нашата планета. Како резултат на тоа, копнените детектори треба да видат некои промени во бројот на откриени секундарни честички од космичките зраци.

Физичарите решиле да ја тестираат оваа идеја. Тие ги анализирале податоците за интензитетот на космичкото зрачење собрани од две станици вклучени во проектот. Ги следеле промените во сончевата активност и ги споредиле со податоците за сеизмичката активност на Земјата. Откриле јасна корелација помеѓу промените во интензитетот на секундарното космичко зрачење и вкупната магнитуда на сите земјотреси со магнитуди поголеми или еднакви на 4. Во превод, тие го поврзале поголемото космичко зрачење со појавата на земјотреси, но откриле и дека со таква анализа можно е да се добијат податоци за потенцијален претстоен земјотрес дури и две недели пред да се случи.

Проблемот е што и покрај сите податоци не може точно да се открие каде ќе се случи земјотресот. Корелациите помеѓу промените во интензитетот на космичките зраци и земјотресите не се евидентни во анализите специфични за локацијата. Тие се појавуваат само кога се зема предвид сеизмичката активност на глобално ниво. Овој факт, истакнуваат научниците, може да значи дека промените во интензитетот на космичкото зрачење може да се гледаат како феномен на кој подлежи нашата планета како целина.

Во научниот свет е прифатено дека откритието може да се каже дека е направено кога нивото на статистичка доверба на придружните податоци ќе достигне пет сигма, или стандардно отстапување. За набљудуваната корелација добивме повеќе од шест сигма, што значи дека веројатноста е помала од еден према милијарда дека корелацијата се должи на случајност. Затоа, имаме многу добра статистичка основа да тврдиме дека откривме навистина постоечки феномен. Прашањето е само дали е навистина онака како што очекувавме да биде?, прашува д-р Homola.

Иако овие податоци и анализи би можеле да помогнат во изградбата на иден глобален систем за рано предупредување за земјотреси, научниците истакнуваат дека во своето истражување откриле уште една интересна работа – периодичноста на корелацијата.

Имено, анализите покажале дека максималната корелација се јавува на секои 10-11 години, слично на случајот со циклусот на сончевата активност. Сепак, ова не се совпаѓа со максималната активност на Земјата.

Покрај тоа, има и некои други по малку чудни појави. На пример, научниците утврдиле периодични промени во сеизмичката активност и интензитетот на секундарното космичко зрачење во текот на денот.

Дали можеби космичко-сеизмичките корелации се предизвикани од некој фактор што стигнува до нас надвор од Сончевиот систем и кој е способен истовремено да произведува зрачење и сеизмички ефекти? Кој конвенционален физички феномен би можел дури и квалитативно да ги објасни привидните корелации?, прашуваат научниците.

Овие неодговорени прашања поттикнуваат нови теории и дебати. Меѓу другото, дали Земјата, со своето големо магнетно поле, реагира како голем и чувствителен детектор на честички на оние феномени кои се невидливи за уредите направени од човекот.

Без оглед на изворот на набљудуваната периодичноста, најважното нешто во оваа фаза од истражувањето е што покажавме врска помеѓу космичките зраци снимени на површината на нашата планета и нејзината сеизмичност – и ако постои нешто, можеме да бидеме сигурно е дека нашето набљудување укажува на сосема нови и возбудливи можности за истражување, заклучува д-р Homola во својата изјава.

Bonus video:

 

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.