Астероид поголем од Empire State Building и 27 пати побрз од куршум денеска треба да помине покрај Земјата | Видео

1101

Астероидот ќе помине на безбедно растојание од Земјата, но NASA смета дека е потенцијално опасен за Земјата поради неговата траекторија и големина.

Неодамна откриениот астероид, именуван 488453 (1994 XD), со дијаметар помеѓу 370 и 830 метри, ќе помине покрај Земјата во понеделник на оддалеченост од 3.144.000 километри, објави Центарот за проучување на објекти блиску до Земјата (CNEOS) на NASA.

Се очекува астероидот да патува со брзина од 21,47 km/s. За споредба, куршумот патува со околу 2.897 km/h, што е околу 27 пати побавно. Наведениот астероид орбитира околу Сонцето на секои 3,6 години, но не поминува блиску до Земјата за време на секоја нејзина орбита.

Астероидите се небесни тела кои орбитираат околу Сонцето и најчесто се наоѓаат во главниот астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер. Тие можат да развијат орбити кои ги сечат орбитите на планетите поради нивната релативно мала големина и чувствителност на пертурбации. NASA проценува дека има над 1.100.000 астероиди во Сончевиот систем и продолжува да открива нови.

Повремено, гравитациското влијание на Јупитер или судирите со други објекти предизвикуваат некои астероиди да бидат исфрлени во внатрешниот Сончев систем, вклучувајќи ги и оние што минуваат блиску до Земјата.

NASA ги класифицира сите астероиди кои минуваат од Земјата на растојание помало од 50 милиони километри како „објекти во близина на Земјата“ (Near Earth објект или NEO), и досега идентификувала 31.000 такви астероиди.

Од друга страна, потенцијално опасни објекти се NEO објекти кои се наоѓаат на 7,4 милиони километри од орбитата на Земјата и имаат дијаметар поголем од 120 метри. Астероидот 488453 (1994 XD) спаѓа во таа категорија и е меѓу приближно 2.300 други објекти класифицирани како потенцијално опасни за Земјата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.