Поминала 20 години во затвор бидејќи била лажно обвинета за убиство на своите четири деца, но научниците ги откриле вистинските причини за нивната смрт

1236

Во 2003 година, Австралијката Kathleen Folbigg е осудена за убиство на четири нејзини деца врз основа на несигурни докази и погрешна логика. 20 години подоцна, науката дошла до вистината и Folbigg сега е на слобода.

Kathleen Folbigg, која пред две децении заврши во затвор поради смртта на нејзините четири деца, неодамна доби целосно помилување и беше ослободена.

Денеска е победа на науката, а особено на вистината, изјави Folbigg по излегувањето од затвор.

Иако Folbigg отсекогаш тврдела дека е невина, во 2003 година, австралиската судска порота утврдила дека таа го задушувала секое нејзино дете до смрт во текот на една деценија. Folbigg била прогласена за виновна за три точки од обвинението за убиство и една точка за убиство од небрежност, со што ја доби репутацијата на „најлошата жена сериски убиец“ во историјата на Австралија.

Причина за смрт исклучително ретка генетска мутација

Меѓутоа, науката сега верува дека мутација на генот CALM, кој влијае на еден од 35 милиони луѓе, ја предизвикала смртта на нејзините две ќерки преку редок синдром наречен calmodulinopatia.

Познато е дека само 135 луѓе ширум светот ја имаат оваа мутација, така што случајот на семејството Folbigg е веројатно единствениот во Австралија. Исто така, друга мутација би можела да биде одговорна за смртта на нејзините два сина.

Обвинението против Folbigg првенствено се засновало на посредни докази, имено записите во нејзиниот дневник. Таа во својот дневник напишала дека ја прогонува вината поради сите нив и детално ги опишала нејзините борби со мајчинството. Но, во реалноста немало докази за задушување или повреди на децата.

Напредокот во технологијата за секвенционирање на гени подоцна им овозможило на научниците да ги истражат мутациите на гените CALM. CALM1, CALM2 и CALM3 се три гени кои го кодираат есенцијалниот протеин calmodulin. Научна студија од 2020 година покажа дека Laura и Sarah имале две нови мутации CALM2, кои структурно го промениле нивниот calmodulin.

Две ќерки имале респираторни проблеми пред нивната смрт, што може да претходи на ненадејна срцева смрт кај децата.

Двата сина, Caleb и Patrick, немале CALM мутации, покажа споменатата студија. Сепак, тие имале една копија од мутираниот ген BSN. Околу половина од глувците со мутација умираат пред шест месеци и сите имаат повторливи напади. Таа мутација може да го објасни слепилото и епилептичните напади на Patrick, како и неговата рана смрт.

Научните докази ја надминале погрешната логика

Сè поголем број научни докази го поттикнале барањето за помилување на Folbigg.

Пресудата на Folbigg се заснова на тврдењето дека веројатноста четири деца во едно семејство да умрат од природна смрт е толку мала што е речиси невозможна. Ова е погрешна логика, се наведува во петицијата.

Беше започната втора истрага, што доведе до ослободување на Folbigg од затвор на 5 јуни 2023 година. Доколку и биде укината пресудата во Кривичниот Апелационен суд, таа би можела да ја тужи владата за милионска отштета.

Мајката не престанала да тагува по децата

За време на нејзиниот престој во затвор, Folbigg секогаш мислела на своите деца и тагувала по нив.

„Последниве 20 години колку што сум во затвор, секогаш мислев и ќе мислам на моите деца, ќе тагувам по нив, ќе ми недостигаат и ќе ги сакам страшно“, изјави Folbigg.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.