Научниците можеби ја откриле тајната на долгиот живот и каде се крие

1623
Kane Tanaka со рекорд како најстар човек на светот прославувајќи го својот 117-ти роденден во 2020 година во старечки дом во Fukuoka, јужна Јапонија.

Тајната на долгиот живот кај луѓето можеби конечно е откриена, а таа се крие на малку необично место, покажува новото научно истражување.

Научниците од University of Copenhagen проучувале 176 здрави јапонски стогодишници и откриле дека сите тие имаат специфична мешавина од бактерии и вируси во нивните гастроинтестиналниот (GI) тракт.

Секогаш едвај чекаме да откриеме зошто некои луѓе живеат исклучително долго. Претходните истражувања покажаа дека цревните бактерии на древните Јапонци произведуваат сосема нови молекули кои ги прават отпорни на патогени микроорганизми, односно оние кои промовираат болести. Ако нивните црева се подобро заштитени од инфекции, тогаш тоа е веројатно една од работите што ги тера да живеат подолго од другите, вели Joachim Johansen, автор на студијата објавена во списанието Nature Microbiology.

Данските научници развиле алгоритам за мапирање на цревните бактерии и бактериски вируси кај гореспоменатите стогодишници и откриле „голема биолошка разновидност, и кај бактериите и кај бактериските вируси“.

Високата микробна разновидност обично се поврзува со здрав цревен микробиом. И очекуваме дека луѓето со здрав цревен микробиом ќе бидат подобро заштитени од болести поврзани со стареењето, објасни Johansen.

Тој додаде дека информациите може да се користат за продолжување на животниот век на другите луѓе со инженерство на микробиомот до оптимална рамнотежа на вируси и бактерии за заштита од болести.

Научивме дека ако вирусот посети бактерија, тој всушност може да ја направи бактеријата посилна. Вирусите што ги најдовме кај здрави јапонски стогодишници содржеле дополнителни гени кои би можеле да ја активираат бактеријата. Дознавме дека тие биле во можност да стимулираат трансформација на специфични молекули во цревата, кои би можеле да послужат за стабилизирање на цревната флора и сузбивање на воспалението, истакна Johansen.

Меѓу другото, студијата посочува дека јапонските стогодишници покажале поголемо метаболичко производство на микробен водороден сулфид, кој може да го поддржи мукозниот интегритет и отпорноста на патобионите. Интегритетот на мукозата алудира на отпорноста на гастроинтестиналниот тракт.

Разбирањето на врската помеѓу цревниот микробиом, вирусите и долговечноста може да отвори нови патишта за подобрување на здравјето и продолжување на човечкиот животен век во иднина.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.