СОНОТ Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ | Се будите навечер и не можете да заспиете ? Експертите предупредуваат на цела низа страшни последици по мозокот, но и срцето

1692

Дури и најмалите звуци, дури и оние што се пригушени, можат да го нарушат сонот. Дали знаете како прекинатиот сон влијае на нашето здравје?

Осум часа сон, што е главната препорака на експертите, за многумина може да биде невозможна мисија. Има и такви за кои шест часа непрекинат сон звучи како фантазија, а една студија покажа какво влијание има овој вид на сон врз здравјето.

„Знаеме многу за влијанието на спиењето врз здравјето, а сега дознавме повеќе информации за влијанието на прекинатиот сон“, вели Charles Bae, експерт од Cleveland Clinic.

Истражувањето ја откри причината

За да дознае повеќе, Avi Sadeh, професор на University of Psychological Sciences во Tel Aviv, проучувал 61 млад човек благодарение на актиграф, уред сличен на рачен часовник, кој го следел нивниот сон.

Првата ноќ, испитаниците спиеле цела ноќ. Следното утро, тие завршиле неколку задачи за когнитивна проценка и анкета со која е го процениле нивното расположение.

Втората ноќ нивниот сон бил прекинат со ѕвонење на мобилниот телефон. Некои од нив морале да ги завршат задачите откако заѕвонило ѕвончето, а другите пак се вратиле на спиење, па следното утро ги завршиле задачите и ја решиле анкетата.

Проблем со концентрацијата

По една вечер со прекинат сон, учесниците имале проблеми со концентрацијата и се чувствувале нерасположени. Со други зборови, оние со прекинат сон имале исто толку лоши резултати како и оние кои спиеле само четири часа.

“Прекинетиот сон влијае на концентрацијата и меморијата. Веројатно мислите дека ова е очекувано, но претходните истражувања не го разгледале влијанието на прекинатиот сон на овој начин. Луѓето кои го прекинале спиењето имале побавно време на реакција, проблеми со концентрацијата, одлучувањето, почесто страдале од депресија и биле почувствителни на болка“, објасни Avi Sadeh.

Прекинатиот сон може да влијае на зголемувањето на крвниот притисок. За луѓето кои често имаат проблеми со прекинатиот сон, професорот ги советува да не земаат лекови сами, туку да се консултираат со лекар поради проблеми со спиењето.

„Спиењето мора да биде приоритет за луѓето. Спиењето е половина од здравјето“, вели професорот.