Оваа храна го уништува метаболизмот, а поради неа се дебелееме

1229

Бар плочките и овошните сокови обично се најмалку здрави за нашиот струк.

Постојат неколку високо обработени опции кои се рекламираат како здрави закуски или пијалаци кои всушност можат да го забават вашиот метаболизам и да го отежнат слабеењето.

Нутриционистите Хедер Хенкс, Лиза Ричардс и Бет Хокс тврдат дека треба да се држиме настрана од зашеќерените, преработени зрнести барови и пакуваните овошни сокови.

Бар плочки

Најчесто ги има на полиците за здрава храна, па многумина посегнуваат по нив кога им е потребна брза ужина. Сепак, нутриционистите тврдат дека тие носат повеќе штета отколку добро, особено кога станува збор за телесната тежина.

– Бар плочките се најлошата храна за слабеење бидејќи се полни со рафинирани шеќери. Многу производители тврдат дека се здрави бидејќи содржат овес. И додека овесот е навистина добар извор на влакна, проблемот се додадените состојки кои го прават нездрава храна, објаснува Хенкс за She Finds.

На што Ричардс додава дека „преработената храна е направена од рафинирани јаглехидрати кои создаваат воспаление и го уништуваат здравјето на цревата“.

Наместо по бар плочки, посегнете по јаткастите плодови и овошјето кои ќе ве држат сити и ќе ви ја дадат потребната енергија.

Овошни сокови

Овошните сокови се преполни со непотребен шеќер. Ако ги пиете секој ден, може да предизвикаат проблеми како надуеност, воспаление, забавен метаболизам и зголемување на телесната тежина.

– На пример, во еден сок од портокал од 350 милилитри има околу 31 грам шеќер, што е за 22 грама повеќе отколку во истото количество на најпознатиот газиран пијалок во светот – тврди Хокс.

Дополнително, овошниот сок купен во продавница нема хранлива вредност. Затоа, изберете здрави алтернативи кои вклучуваат незасладен чај, вода, па дури и свежо исцеден овошен сок, кој е богат со влакна.