Нејзината страст е дефинирана повеќе од физичкиот изглед
Нема ништо поубаво од страсна жена. Жената која го живее животот и која ги работи работите со голема страст вреди да се знае.
Го покажува своето вистинско лице
Шминкањето е прашање на избор и во тоа нема ништо лошо. Меѓутоа, убавата жена не чувствува потреба да ги крие своите недостатоци со шминка. Таа тоа ќе го направи за себе, а не за другите.
Не сака да биде во центарот на универзумот
Таа не сака по секоја цена да биде во центарот на вниманието. Тоа го прави несвесно, бидејќи има доверба и скромност, а овие квалитети го привлекуваат вниманието на другите повеќе од исфорсираните гестикулации.
Знае да се изрази
Нема ништо полошо од една девојка која не е елоквентна и да не знае да каже што мисли. Една жена која има свое мислење може да биде фасцинантна, мозокот и е најмоќниот афродизијак.
Самостојна е
Жена на која не и е потребен маж за да живее свој живот е жена која е сигурна во себе. Самодовербата е клучот за вистинската убавина. На неа не ѝ треба одобрение од другите за своите постапки.
Продолжува на страна 3



















