Знаците дека ние сме проблемот во врската

161

Врските не се секогаш придружени со среќни моменти. Има и периоди во кои односите минуваат низ тешкотии и се ставени на тест.

Тогаш обично почнуваме да ја анализираме ситуацијата и да мислиме дали проблемот не е во нас самите.

Не е лесно да се одговори на ова прашање, бидејќи одговорот може да не ни се допадне. За да се реши одреден проблем, сепак, мора прво да сме свесни каков точно е тој.

Овие три знаци упатуваат дека проблемот во врската е вкоренет во нас.

Се фокусираме на негативното, кога ќе се појави проблем

Сосема нормално е да чувствуваме дека врската го тестира нашето трпение. Каков би бил животот без овие предизвици и пречки?

Негативизмот сепак не предизвикува продуктивност, тој нè јаде. Ако со партнерот минуваме низ напорен период и не можеме да видиме позитивна разврска на ситуацијата, тоа е знак дека ја задржуваме врската, дури и без тоа да го сфаќаме.

Лоши сме во комуникацијата

Има случаи кога сме претоварени со мисли, што ја отежнуваат нашата способност да зборуваме. Во врската сепак комуникацијата дефинитивно е најважното нешто. На овој начин делиме добро и лошо. Кога ни се случило нешто лошо, комуникацијата ни овозможува полесно да го надминеме.

Значи, ако комуникацијата ни се влоши, тоа значи дека има проблем и во врската.

Партнерот ни гледа напред, додека ние – кон минатото

Ние се наоѓаме во сегашноста и, ако постојано се враќаме назад во минатото, прашувајќи се “Што ако ..?”, врската нема како да напредува. Никој не сака да биде со партнер чиј поглед е насочен постојано кон минатото.

Кога почнуваме нова врска, секогаш мислиме за пријатните емоции, без да претпоставуваме дека може да се случи и нешто непријатно, но врските секогаш се исполнети со подеми и падови. Важно е да не го заборавиме тоа и да гледаме напред во иднината.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.