Американската држава Северна Каролина издала предупредување за жителите во кое се објаснува дека треба да внимаваат на таканаречените “зомби змии”. Овие змии сакаат да се преправаат дека се мртви и на тој начин ги мамат жртвите.
На друштвените мрежи набрзо се прошириле фотографии од таквите змии. Многумина останале вчудоневидени и тврдат дека никогаш не слушнале за “зомби змии”.
“Ваквите змии можат да бидат во сите бои, но најчесто се кафени или сиви. Не се отровни. Изгледаат како кобри, но не се толку опасни. Знаат да се преправаат дека се мртви така што легнуваат на грб и ја отвораат устата”, појаснуваат локалните стручњаци.
Додаваат и дека овие змии можат да се сретнат на подрачјето меѓу Флорида, Тексас и Минесота.



















