Здраво, Свету!
Кога бев малечка, секогаш сакав да бојам, да цртам, да решавам различни сложувалки, гатанки, сакав да читам книги и да си пишувам свои песнички и прикаски. Како што пораснав, животот стана толку брз, забележав дека годините само ми одлетаа пред мене и сфатив дека навистина овие вештини кои ги сакам со цело срце и уживам во нив не сум ги искористила со години.
Вирусов кој се рашири низ целиот свет, ми ги врати моите, како јас што ги нарекувам “супермоќи” и ми ја врати цела онаа љубов која сум ја заборавила дека ја имам скриена во мене.
Пред извесно време, почнам да пишувам МИНИ книгички, со едноставна цел да раширам малце позитива и да влеам надеж во луѓето, за време на овие тешки моменти.
Веќе имам направено 3.
Јас сум креаторот на логото, сите илустрации, карактерите и прикаските позади карактерите.
Она што треба да го знаете, а е доста интересно за овие прикаски е дека и тие самите се како “puzzles” со по некоја скриена порака.

Некои од сликичките имаат скриени значења, а исто и карактерите на нацртаните нинџи се скриени имиња од луѓе од мојот вистински живот.
Се уште работам на нови книгички, кои исто така ќе бидат бесплатни! За сега, ова е се што имам да ви понудам.
Може да ги симнете PDF фајловите бесплатно, кликајќи на линковите кои ви се дадени.
Ова е бесплатна ДОНАЦИЈА од мојот мозок за целиот свет, затоа се и на англиски првите примероци, за сите да бидат среќни и насмеани. ?
Дали знаевте? Дијамантите за мозокот, навистина може да бидат бесплатни!
Се надевам дека ќе уживате во нив!
Се најдобро,
Диана Ситниковска
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















