Заменете ги купечките сокови со овој напиток

1286

Лесно ќе го направите сами овој ладен напиток, а уште полесно ќе дишете кога деновите ќе бидат пеколно топли.

Водата со вкусови за многумина е вистинско освежување, но најдобро е сами да направите освежувачки напиток, наместо да купувате. Доколку сакате да уживате во здрав напиток полн витамини, тогаш домашната витаминска вода е идеална за вас.

Направете сами комбинација од вкусови по ваша желба и уживајте во здравиот освежувачки напиток.

Потребно

  • свежо овошје
  • свежи зачини по желба
  • вода
  • стаклен сад
  • многу мраз

Комбинации на вкусови

  • лимон+лимета+портокал
  • малина+лимета
  • нане+краставица+зелено јаболко
  • лаванда+боровница
  • ананас+нане+ѓумбир
  • портокал+лимон+нане

Подготовка на витаминската вода

Овошјето исецкајте го на многу тенки коцкички и ставете го во стаклен бокал. Додадете ги зачините и се прелијте со вода.
Мешавината ставете ја во фрижидер и оставете ја така да отстои неколку часа, а повремено лесно промешајте.

Обичната вода заменете ја со вкусна и освежувачка, полна со витамини и уживајте во здравиот напиток наместо оној купечкиот кој е преполн со вештачки шеќери, бои, ароми и сл.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.