Има само 36 години, нејзината најстара ќерка веќе има 21 година; поминала осум и пол години во бременост и вели дека не планира да престане.
Veronica Merritt, 36-годишна жена од New York и мајка на 11 деца, на TikTok сподели слика на ултразвук од 12-тото бебе.
„Мора да се кршат неправедните правила. Или нешто слично“, напишала Veronica, со оглед на тоа дека според правилата на таа социјална мрежа не треба да се објавуваат лекарски прегледи.
Но, на видеото ретко кој би можел да ја обвини, а фановите беа подготвени да ѝ честитаат за (уште едно) бебе, пренесува Mirror.
“Честитки! Не знам како воопшто можеш да се справиш со 11 деца. Едвај поднесувам едно такво какво е”, “О Боже!!! Честитки! Среќно!” Се само дел од пораките.
Забременила на 14 години
Кога за прв пат забременила, Veronica имала само 14 години. Најстарата ќерка Victoria денес има 21 година. Во меѓувреме ги родила Andrew (16), Adam (15), Marа (13), Dasha (12), Darlа (10), Marvelous (8), Martaly (6), Ameliа (4), Delilah (3) i Donovan (1).
Често е мета на тролови, а меѓу другото ја почестуваат со одвратни епитети, па дури и тврдат дека секое дете има различен татко. Но, тоа не е вистина – откако нејзиниот прв брак се распаднал, таа се омажила за Marty (37), со кој има седум деца.
Veronica, која на Instagram и TikTok споделува детали за нејзиното големо семејство, вели дека никогаш не користела контрацепција поради нејзината здравствена состојба.

Не смее да зема орални контрацептиви
„Завршив средно училиште со одлична оценка, се обидов да одам на факултет, но двапати се разболев – имам бубрежна болест и минатата година изгубив бубрег“, објасни таа.
Покрај тоа,изјавила дека на крајот би сакала да има 17 деца.
„Некои деца биле планирани. Но, не можам да земам хормонални контрацептиви бидејќи мојата болест значи дека сум склона кон згрутчување на крвта“, рече таа. “Не ја исклучувам можноста да имам уште деца. А во бременоста поминав вкупно осум и пол години”, објаснува таа.



















