Сексуалниот живот е една од областите во кои посакуваме да имаме добри искуства во новата година.
Ако вашата желба за 2022 година е да имате подобар секс со партнерот, седнете и заедно донесете секси новогодишни одлуки.
Сѐ почнува со отворена комуникација. Прашајте го партнерот за што фантазира, што му се допаѓа, што би сакал помалку, што повеќе, кои се неговите цели. Потоа и вие кажете ги вашите одговори.
Вашите заеднички секси новогодишни одлуки се во пресекот на вашите очекувања, но и во компромисот. Бидете отворени за нови искуства.
Вашата секси новогодишна одлука може да биде да имате подолги предигри, да бидете поавантуристички настроени во позите, да си давате повеќе еротски масажи, да пробате поинаков тип на секс (орален/анален), да имате секс почесто, да експериментирате со секси играчки…
Откако ќе се согласите на вашите заеднички новогодишни секси одлуки, фрлете се на работа уште вечерва и почнете ја годината гласно и одлучно.