Не ви текнува што сте сонувале ?

415

Ова се можни причини зошто не можете да се сетите што сте сонувале.

Стрес

Истражувањата покажаа дека стресот не само што ја нарушува и скратува РЕМ фазата на спиење, туку и го зголемува бројот на будења во текот на ноќта. Стресот, исто така, го отежнува сеќавањето на она што сте го сонувале.

Исхрана

Важно е да се избегнува храна која го нарушува сонот – тешка храна, мрсна и пржена храна, зачинета храна, цитрусно овошје, но и газирани пијалоци. Овие намирници не се препорачуваат ниту во текот на денот, а особено не треба да се консумираат пред спиење.

Покрај ваквата храна и пијалоци, исто така не се препорачува консумирање кофеин, никотин или алкохол, бидејќи сето тоа го нарушува сонот.

Начин на спиење и будење

Сè од несоница до апнеја при спиење и нарколепсија може негативно да влијае на циклусот на спиење. Исто така, психологот и експерт за соништа Рубин Најман додава дека пребрзото и прерано будење може да влијае на заборавање на сонот.