Храната треба добро да се обработи термички, а особено месото, живината, јајцата и морската храна, за да се уништат живите микроорганизми.
При термичка обработка на месото, треба да сме сигурни дека достигнало температува од 70 степени целзиусови.
– При подготвувањето на супи или варива, бидете сигурни дека се зовриени и дека достигнале минимум 70 степени Целзиусови. Кога ја загревате веќе подготвената храна, направете го тоа добро – велат од Институтот за јавно здравје. Подготвената храна не смее да стои на собна температур подолго од 1 час, а смрзнатата треба да се одмрзнува во ладилник.
И не заборавајте, редовно мијте ги рацете.
Салмонела, ешерихија коли и стафилококните бактерии се најчестите предизвикувачи на труење од храна. За да се спасиме од мачните симптоми на труење, лекови, инфузии или лежење во болница советуветот е да бидеме повнимателни, а доколку се случи труење навреме да побараме помош.



















