Цените на нафтата зголемени

894

Цените на нафтата се зголемија поттикнати од очекувањата дека намалувањето на инфлацијата во САД ќе ја поттикне централната банка да го забави темпото на зголемување на каматните стапки и да ги олесни заканите за економскиот раст и побарувачката за гориво.

На лондонскиот пазар цената на барелот изнесува 84,32 долари.

На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по цена од 78,71 долари.

Пазарите вчера скокнаа под влијание на проценките дека изгледите за економијата можеби не се толку мрачни како што сугерираат прогнозите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). ММФ неодамна предупреди дека оваа година може да биде потешка од минатата година поради истовременото забавување на активностите во САД, Кина и Европа.

Оваа недела Светска банка ја намали прогнозата за растот на светската економија оваа година на само 1,7 отсто, предупредувајќи дека светот е во ризик од рецесија поради проблемите со снабдувањето со енергија и зголемените трошоци за задолжување.