Познавање на своето тело
Колку подобро го познава човек сопственото тело, толку повеќе свесен е за работите кои му се допаѓаат. Значи ако на партнерот му е потребно упатство, ќе можете да му го дадете попрецизно. Нема ништо лошо во тоа – нели целта е врвното доживување!
Во тантричките техники едно од најважните работи е бавното темпо. Таа им овозможува на партнерите да уживаат до крајни граници на сопствените чувства. Така возбудата е неколкукратно поголема, а и целото искуство – доста долготрајно.
Возбудувајте ги сетилата
Сексот е одлично чувство само по себе. Но, она за другите сетила? Често ги забораваат и брзаат кон вистински дел на сексот. Затворете ги очите, пуштете музика, дишете го мирисот на другиот, вклучете во играта нешто вкусно, на пример јагоди и чоколадо. Воопшто, допрете го секое свое сетило на интимен начин, за да го возбудите целото суштество!
Отворете очи
Често ги затвораме очите за време на секс, вртиме глава или се мачиме да ги исполнуваме сложени пози со кои мислиме дека го збогатуваме сексуалното искуство.
При тантричкиот секс е многу важен видниот контакт. Отворете очи, погледнете го партнерот, видете задоволство во неговите очи и доживејте го моментот заедно.
Дишете
Многу важен елемент од тантричкиот секс е дишењето. Дишните техники можат да помогнат многу во-длабочината на сексуално зголемувањето. Дишете длабоко и во такт со партнерот. Протокот на крвта, односно на кислород во мозокот, придонесува за изострено искуство. Така и оргазмот ќе биде посилен.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















