За повеќето од нас ладниот туш се случува само кога топлата вода изненадувачки ќе заврши или пак сме одлучиле да одиме на некое “подиво место” каде таква нема воопшто.
Студениот туш сепак не е толку лош, туку дури напротив – тој е пријател на нашето здравје и носи голем број на бенефиции за телото.
За да се искористат предностите на позитивниот ефект на студениот туш, експертите нè советуваат температурата на водата да биде 15 степени или дури и пониска. Ако пак сакате полесно да дојдете до “студените бањи”, постепено зголемувајте го времето кое го минувате под студената вода.
А за да дознаете зошто е потребно воопшто тоа да го правите, видете кои се придобивките од студениот туш:
Го подобрува расположението
Хидротерапијата со ладна вода има ефект врз расположението, сличен на оној од земањето на антидепресиви. Доволно е да се туширате со ладна вода по 2-3 минути секој ден и по околу две недели треба да ја забележите промената.
Ги смирува болките во мускулите
Ако сте се напрегале со исклучително тежок тренинг, може да го намалите воспалението и болката со помош на ладен туш. Во случај да има конкретно место во вашето тело, каде доживувате најсилна болка, тогаш насочете го тушот ладна вода токму кон него. Обидете се да останете така барем пет минути. Зголемениот прилив на крв во областа може да помогне во реконструкцијата на оштетеното мускулно ткиво.
Ја прави кожата поубава
Најдобар начин да постигнете подобар изглед на кожата, е како се капете на вообичаениот начин и конечно завршете со ладен туш. Ниската температура на водата ќе ѝ помогне на кожата, бидејќи ги затвора порите, ја намалува можноста за црвенило, како и подуеност под очите. Студениот туш дефинитивно ќе ја направи вашата кожа да изгледа мазна и прекрасна.
Ја прави косата посјајна
Кутикулата на влакното може да се исуши повеќе ако се туширате со топла вода. Затоа миењето на косата со ладна вода по нанесувањето на балсам ќе ја направи сјајна и мазна. Благодарение на пониската температура на водата, во вашата коса ќе се задржи повеќе влага.
Помага за намалување на стресот
Иако капењето со ледена вода може да ви се чини како многу шокирачко и стресно, всушност ладниот туш има релаксирачко дејство. Тој го забавува брзото темпо на срцето, а редовниот студен туш ќе ви обезбеди поголема отпорност на стрес.



















