Сте се запрашале ли каде одат согорените маснотии од телото?

184

Секоја диета или режим на исхрана се базира речиси на истото – внесување промени за побрзо, полесно и поефикасно согорување на вишокот маснотии од телото.

Но, ретко кој се запрашал каде одат тие маснотии откако ќе бидат согорени? Една од најчестите заблуди е дека мастите од организмот се претвораат во енергија. Некои сметаат дека одат во мускулите, а други дека излегуваат преку изметот.

Точниот одговор е дека мастите се делат на јаглероден диоксид и вода при метаболитичките процеси на диетите. Тоа значи дека еден дел излегува преку дишењето, а другиот преку лачењето на течности, односно преку урината и потта.

Така, слободно може да се каже дека килограмите кои ги губиме, во поголем дел ги издишуваме. Основа на ова тврдење е сознанието дека секоја хранлива материја во основа е комбинација на вода и јаглероден диоксид, неоргански материи од кои се создава органска храна при процесот на фотосинтеза. Затоа, сосема е логично и исправно сознанието дека храната која почнала од тие две материи, на крај ќе се разложи токму на истите.