Ставате се на прво место

1537

7. Заронете во миризлива бања пред спиење

Топлата и миризливата бања веднаш ќе ги релаксира сите ваши мускули и ќе ви овозможи задоволство на сите ваши сетила. А ако имате проблем со спиењето, сигурно ќе ви помогне да спиете барем таа ноќ.

8. Поминете време со луѓето што ги сакате

Иако веќе сега се обидувате да го направите тоа, вистина е дека тоа, исто како ние, не го правите онолку често колку што сакате, нели? Сепак, дури и кога не можете да се видите со драги луѓе, можете да ги повикате и да прашате како се, бидејќи и тоа се прифаќа.

9. Направете си задоволство

И дваесетина години од завршување на училиштето или факултетот сѐ уште не можете да прежалите што не сте се запишале на курс по француски јазик, или не сте научиле да користите фотошоп или да шиете!? Не е доцна за тоа! Разбудете ја љубопитноста на детето во себе и впуштете се во една авантура наречена – остварување на МОИТЕ соништа!

10. Откријте ја природата

Звучи банално, но треба токму тоа да го направите – да поминувате повеќе време во природа. Планинарете, трчајте, возете велосипед, пливајте, нуркајте, медитирајте, наслушувајте, вдишете, ослободете ги мислите … Дури и ако имате семејство, понекогаш во природа одете сами, бидејќи на сите нас од време на време тоа нѝ е потребно (и верувајте ми, вашиот сопруг или сопруга толку ќе издржи без вас).

Не дозволувајте да ви ја набиваат грижата на совест!

Тоа што некогаш сте решиле во животот да направите нешто за себе, во никој случај не им дава право на луѓето на кои сте им го подредиле својот живот да ве укоруваат или да ви набиваат грижа на совест. Дури и ако ќе го направат тоа, имајте на ум дека за вашата лична среќа исто така зависи и вашето здравје. Колку побрзо ќе им го дадете тоа на знаење, толку побрзо ќе можете навистина да уживате во новиот, на себе подреден живот!