Сите зборуваат за штетноста од пушењето, а малкумина за важноста на спиењето | Како несоницата влијае на ДЕЦАТА?

2323

Спиењето, меѓу возрасните, се повеќе се смета како губење време.

Па дури и малите деца веќе не спијат онолку колку што им е потребно за здрав психо-физички развој.

Според експерт за истражување на нарушувања на спиењето, од болницата Дексеус во Барселона, тој верува дека несоницата кај децата доведува до напнатост, раздразливост, проблеми со учењето, депресија, а понекогаш дури и до доцнење во развојот.

Експертите велат дека проблемот е во тоа што многу деца, пред да си легнат, седат пред компјутер, гледаат телевизија, зборуваат на телефон или играат игри, поради што имаат помалку време за спиење. Сето ова може да ги разбуди толку многу што подоцна не можат да се опуштат и да заспијат.

Секој им кажува за штетноста од пушењето, но малкумина зборуваат за важноста на спиењето. Ако нешто не се направи, оваа генерација деца ќе има сериозни проблеми со несоницата, вели психологот Викторија де ла Фуенте.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.