Нема припадничка на понежниот пол што на првиот состанок не се прашува за што тој размислува, или што прво забележал кај неа.
Според новото истражување, мажите прво забележуваат убава коса и кожа кај жена.
Забележуваат колку девојката ја негува својата кожа, но и грбот. А тоа во главно е во спротивност со општоприфатеното мислење дека мажите прво гледаат други делови од телото.
Еве ги првите работи што тој ги забележува кај вас:
Коса
Мирисна, свежа коса која паѓа околу вашето лице го привлекува погледот на мажот и ја буди желбата да ја допрат и да ја почувствуваат мекоста.
Кожа
Мазна, мека и мирисна кожа е вистински повик за бакнежи и допири.
Рамена
Освен што се ерогена зона, женскиот врат и рамената се неодоливи за мажите.
Грбот
Таканаречената S линија многумина мажи ги привлекува повеќе од женското деколте, особено кога суптилно е нагласена со соодветна облека.